Галатасарај го освои Купот на Турција

Галатасарај синоќа во финалето на 57. Куп на Турција Зираат го порази Акхисарспор со резултта од 3:1 и по 18'ти пат го освои Купот на Турција

1202277
Галатасарај го освои Купот на Турција

На синоќешниот одигран финален натпревар за 57. Куп на Турција Зираат, Галатасарај го победи последниот шампион Акхисарспор со резултат од 3:1 и го освои Купот на Турција.

Првиот гол на натпреварот што се одигра на стадионот 4 септември во градот Сивас пристигна во 57'та минута од фудбалерот на Акхисарспор Ману.

Со тоа Акхисар премина во водство од 1:0.

Глатасарај доби пенал од позицијата на Диагне кој беше сопрен со фаул во казнениот простор и со голот на Синан Ѓумуш од пенал резултатот беше изедначен на 1:1.

Во 88'та минута од натпреварот со голот на Фегули Галатасарај премина во водство од 2:1.

Потоа во 90+4'тата минута со голот на Диагне жолто-црвените фудбалери резултатот го зголемија на 3:1 и Галатасарај по 18'ти пат го освои Купот на Турција.

 



Слични вести