Галатасарај го победи Бешикташ со 2-0

Лидерот Башакшехир на натпреварот во гости против Сивас остави два бода

1195507
Галатасарај го победи Бешикташ со 2-0

ФК Галатасарај на натпреварот со Бешикташ во 31-то коло во Спор Тото Супер Лигата на домашен терен извојува победа од 2-0 и на прагот на завршувањето на лигата со гол разлика предност се искачи на врвот на табелата.

Лидерот Башакшехир на натпреварот во гости против Сивас остави два бода и доби тежок удар, додека Галатасарај на домашен терен со головите на Онјекуру во 44-та и Фернандо во 54-та минута освои три бода и седна на лидерската позиција.

Ѓозтепе кој води борба за опстанок во лигата на домашен терен извојува победа против Анталија со резултат од 4-1, додека Акхисар кој се наоѓа на последното место на домашен терен беше поразен од Малатјаспор со резултат од 2-0 и на тој начин ја изгуби последната шанса за опстанок во Супер лигата.



Слични вести