Утре почнуваат полуфиналните натпревари во УЕФА Лигата на шампионите

Првиот полуфинален натпревар ќе одигра утре меѓу англиската екипа Тотенхем и холандската екипа Ајакс

1191773
Утре почнуваат полуфиналните натпревари во УЕФА Лигата на шампионите

Утре почнуваат полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА која важи за една од најзначајните организации на европскиот фудбал.

Првиот полуфинален натпревар ќе одигра утре меѓу англиската екипа Тотенхем и холандската екипа Ајакс. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Тотенхем Хотспар.

Вториот полуфинален натпревар ќе се одигра на 1 мај меѓу шпанската екипа Барцелона и англиската екипа Ливерпул на стадионот Камп ноу.

Двата натпревари ќе започнат во 22.00часот според турско време и  ќе можат да се следат директно преку ТВ-канал „beIN Sports“.

Реванш натпреварите на полуфиналето на УЕФА Лигата на шампионите ќе се одиграат на 7 и 8 мај и на тој начин ќе бидат определени финалистите.



Слични вести