Турција на боксерскиот турнир во Молдавија освои 9 медали и стана шампион

На 3. Меѓународен турнир во бокс за млади Андреи Малик, Турција освои 9 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени, и стана шампион во екипна конкуренција

1191106
Турција на боксерскиот турнир во Молдавија освои 9 медали и стана шампион

Турција на 3. Меѓународен турнир во бокс за млади Андреи Малик освои 9 медали и стана шампион во екипна конкуренција.

Според објавеното соопштение од Боксерската федерација на Турција, на првенството во градот Тираспол во Молдавија турските спортисти освоија вкупно 9 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

Турските боксери кои освоија медали на турнирот се:

Златни медали: Утку Ќуршат Озхан (60 кг), Самет Ерсој (81 кг), Угур Демир (+91 кг)

Сребрени медали: Метехан Адиѓузел (49 кг), Самет Ѓумуш (52 кг)

Бронзени медали: Мизан Акјол (56 кг), Мехмет Ајдемир (64 кг), Духан Топал (69 кг), Каан Ајкутсун (75 кг)



Слични вести