Фенербахче Беко петти пат по ред се пласира во „Фајнел фор“ во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Турскиот претставник Фенербахче Беко со извојуваната победа над литванскиот претставник Жалгирис со резултат од 99:82 петти пат по ред се пласира во „Фајнел фор“ натпреварите во Евролигата Туркиш Ерлајнс

1190573
Фенербахче Беко петти пат по ред се пласира во „Фајнел фор“ во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Машката кошаркарска екипа Фенербахче Беко на четвртиот одигран натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија во  Евролигата Туркиш Ерлајнс извојува победа во гости над литванскиот претставник Жалгирис со резултат од 99:82 коша.

Со овој резултат Фенербахче Беко во серијата во која екипата која ќе постигне 3 победи ќе се пласира во следното коло постигне надвласт од 3:1 и го запиша своето име во Фајнел фор, т.ј. во Четворното финале.

Фенербахче Беко натпреварот го започна со одлична игра и првата четвртина ја заврши со предност од 30:16 коша.

Двојката која ја сопреа домашната екипа Жалгирис која инаку втората четвртина ја започна добро, беа Весели и Слоукас, така да жолто-лилјаковите кошаркари и оваа четвртина ја завршија со предност од 49:41.

Третата четвртина започна со тројката на Али Мухаммед, кошаркарот на Фенербахче Беко, а потоа за две минути домашната екипа Жалгирис долови серија од 7 коша и разликата ја намали до 4 коша (48:52).

Меѓутоа, жолто-лилјаковите кошаркари, со Али Мухаммед и Весели, на својот противник одговорија со серија кошови од 7:0, а во последните три минути во третата четвртина примија само 5 поени и на последната четврта четвртина заминаа со предност од 72:61.

Фенербахче ја продолжи својата добра игра и во последната четвртина и го доби натпреварот со резултат од 99:82.

На тој начин нашиот претставник во Евролигата Туркиш Ерлајнс Фенербахче Беко го елиминира литванскиот претставник Жалгирис и петти пати по ред се стекна со право да се натпреварува во Фајнел фор натпреварите.

 Жолто-лилјаковата екипа која во изминатите три сезони во оваа организација играше во финалето, на четворното финале (Фајнел фор) што се одржа во 2017 година во Истанбул постигнувајќи го својот најголем клубски успех во историјата на турската кошарка за мажи, ја свои шампионската титула.

Фенербахче Беко во првиот натпревар од Фајнел фор (Четворното финале) натпреварите ќе игра против победникот од двојката Анадолу Ефес-Барселона Ласса.



Слични вести