Турските боксери на турнирот во Белград освоија 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали

Турските боксери репрезентативци на турнирот во Белград освоија вкупно 7 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали

1187503
Турските боксери на турнирот во Белград освоија 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали

Турските боксери репрезентативци на турнирот Белград Винер Кап што се одржа во главниот град на Србија, Белград, а на кој учествуваа 157 спортисти од 23 земји и 4 континенти, освоија 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Турската боксерска Бусеназ Чакироглу во категоријата до 51 килограм и Бусеназ Сурменели во категоријата до 69 килограми за жени на одиграните финални натпревари ги поразија своите противнички и освојувајќи го првото место се закитија со златни медали.

Турските боксери Хакан Доган во категоријата до 60 килограми и Бирол Ајѓун во категоријата до 75 килограми за жени го освоија второто место и се закитија со сребрени медали, додека Али Ихсан Алагаш во категоријата до 56 килограми, Серхат Ѓулер во категоријата до 75 килограми и Берат Аџар во категоријата до 91 килограм за мажи го освоија третото место и се закитија со бронзени медали на турнирот.



Слични вести