Кошаркарската екипа на Фенербахче Беко ја совлада гостинската екипа на Жалгирис Каунас со 76-43

Вториот натпревар од серијата натпревари на четвртфиналето на Европската лига ќе се одигра на 18 април четврток во салата Улќер

1184685
Кошаркарската екипа на Фенербахче Беко ја совлада гостинската екипа на Жалгирис Каунас со 76-43
FOTO_18220426_160420192331150000_R_SPO_20190416000000_aa-picture-20190416-18220426.jpg
FOTO_18220423_160420192331150000_R_SPO_20190416000000_aa-picture-20190416-18220423.jpg
FOTO_18220427_160420192331150000_R_SPO_20190416000000_aa-picture-20190416-18220427.jpg
FOTO_18220431_160420192331150000_R_SPO_20190416000000_aa-picture-20190416-18220431.jpg

Нашиот успешен кошаркарски претставник Фенербахче Беко во Европската лига Туркишш ерлајнс беше домаќин на првиот четврт-финален натпревар со екипата на Жалгирис Каунас.

Кошаркарскиот натпревар што се одигра во спортската салата Улќер го проследија поранешните фудбалери на Фенербахче Алекс де Сиуза, Фабио Луциано  и Марко Аурелио како и поранешниот кошаркар Богдан Богдановиќ.

Натпреварот започна доста остро и двете екипи на почетокот се соочија со тешкотии при постигнувањето кошеви.

Кошаркарите на Обрадовиќ кои имаа проблеми со фаулите, првиот период го завршија со резултат од 15-13.

Во вториот период Фенербахче Беко играше подобро.

Успехот во одбраната, нашиот претставник го покажа и во нападите, така што вториот период заврши со резултат од 38-21.

Жолто-сините третиот период продолжија со добрата игра и финалниот период го започнаа со резултат од 59-35.

Во последниот период екипата на Фенербахче Беко ја искористи предноста на кошаркарите кои игра помалку и извојуваа убедлива победа од 76-43.

Кошаркарот Никола Калиниќ со 16 и Марко Гудуриќ со 13 кошеви постигнаа најмногу кошеви за Фенербахче.

Со овој резултат Фенербахче Беко води со 1-0 во рамките на 5-те квалификациони натпревари што се планира да се одиграат.

Вториот натпревар од серијата натпревари на четвртфиналето на Европската лига ќе се одигра на 18 април четврток во салата Улќер.

Екипата на ЦСКА Москва ја совлада екипата на Басконија со резултат од 94-68 и се стекна со една победа од петте натпревари.



Слични вести