Турските кревачи на тегови од ЕП во Батум, Грузија се враќаат со вкупно 14 освоени медали

Турските кревачи на тегови од Европското првенство во Батум, Грузија се враќаат со вкупно 14 освоени медали од кои 3 златни, 6 сребрени и 5 бронзени

1183069
Турските кревачи на тегови од ЕП во Батум, Грузија се враќаат со вкупно 14 освоени медали

Турција Европското првенство во кревање тегови што се одржа во градот Батум во Грузија, го заврши со вкупно освоени 14 медали од кои 3 златни, 6 сребрени и 5 бронзени.

Турските кревачи на тегови Шазије Ердоган во категоријата до 45 килограми за жени и Данијар Исмајилов во категоријата до 67 килограми за мажи на првенството го освоија првото место и се закитија со златни медали.

Шазије Ердоган освои златен медал во техниката трзај со подигнати 75 килограми, во техниката исфрлување со кренати 88 килограми освои сребрен медал, а во вкупно со подигнати 163 килограми освои златен медал.

Данијар Исмајилов пак, во техниката трзај со подигнати 147 килограми освои златен медал. 

Други турски спортисти кои освоија медали на Европското првенство во кревање тегови во Батум, Грузија се:

Жени:

Во категоријата до 55 килограми: Ајшеѓул Чобан Башол 1 бронзен медал.

Мажи:

Во категоријата до 55 килограми: Муаммер Шахин 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Во категоријата до 61 килограм: Бунјамин Сезер 2 сребрени медали.

Во категоријата до 21 килограм: Ферди Хардал 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Во категоријата до 81 килограм: Џелил Ердогду 1 сребрен медал.



Слични вести