Риза Кајаалп по девети пат европски шампион

Турскиот борач Риза Кајаалп на Европското првенство во Букурешт, Романија во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил го освои златниот медал и по девети пат стана европски шампион

1183045
Риза Кајаалп по девети пат европски шампион

Турскиот борач репрезентативец во категоријата до 130 килограми Риза Кајаалп на Европското првенство во борење во грчко-римски стил во финалето го победи својот грузиски противник Лакоби Каџаја и освојувајќи го првото место се закити со златен медал.

На тој начин Риза Кајаалп по девети пат стана европски шампион и се стекна со титулата спортист со најмногу освоени златни медали на европските првенства во историјата на турското борење.

Пред освојувањето на златниот медал на ова Европско првенство Риза Кајаалп рекордот со освоени златни медали (8 златни медали) го споделуваше со Хамза Јерликаја.

Финалниот натпревар на Риза Кајаалп го следеше и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу.

По мечот министерот Касапоглу му честиташе на Кајаалп.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така го побара по телефон Риза Кајаалп на кого му честита за постигнатиот голем успех со зборовите: "Риза ти честитам. Те бакнувам од очите."

Деветкратниот европски шампион Риза Кајаалп исто така му се заблагодари на претседателот Ердоган.

Кајаалп рече: "Господинот претседател нека е здрав, ме бара по секој натпревар и ми честита. Тоа покажува дека сум ценет. Му благодарам и на господинот министер кој дојде за финалето. Многу сум радосен поради тоа што му овозможив на нашиот народ да ја доживее оваа радост."



Слични вести