Турските борачи на ЕП во борење во слободен стил освоија 4 медали

Турските борачи на Европското првенство во борење кое што се одржува во главниот град на Романија, Букурешт, во слободен стил за мажи освоија 4 медали, од кои два златни, еден сребрен и еден бронзен

1180480
Турските борачи на ЕП во борење во слободен стил освоија 4 медали

Турските борачи на Европското првенство во борење кое што се одржува во главниот град на Романија, Букурешт, во слободен стил за мажи освоија 4 медали, од кои два златни, еден сребрен и еден бронзен.

Турскиот борач во слободен стил категоријата до 57 килограми Сулејман Атли во финалето извојува победа врз својот руски противник Муслим Садулаев и тоа со резултат од 8:3 со што стана европски шампион и се закити со златен медал. 

На тој начин Сулејман Атли за прв пат стана европски шампион во сениори.

Тој во првиот натпревар го победи францускиот борач Зохеир Ел Куараж со резултат од 11:0, во четвртфиналето го победи азербејџанскиот борач Махир Амирасланов со 6:3 и во полуфиналето бугарскиот борач Георги Валентинов Вангелов со резултат од 8:4, со што се пласира во финалето каде што извојува победа и над својот руски противник Муслим Садулаев со резултат од 8:3 со што стана европски шампион и се закити со златен медал.

Еден друг турски борач во слободен стил во категоријата до 70 килограми Мустафа Каја во финалето го победи својот противник од Азербејџан Агахусејн Мустафаев со резултат од 6:2 и исто така освојувајќи го првото место на првенството стана европски шампион и се закити со златен медал.

Мустафа Каја исто така за прв пат стана европски шампион за сениори.

Турскиот борач во слободен стил во категоријата до 65 килограми Селахаттин Киличсаллајан во финалето беше поразен од својот азербејџански противник Хаџи Алиев со резултат од 7:0 и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал на првенството.

Еден друга турски борач во слободен стил во категоријата до 79 килограми Мухаммет Нури Котаноглу го победи својот украински противник Олексеј Доманицкји со резултат од 5:1, го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Мухаммед Нути Котаноглу кој го освои третото место на Европското првенство, откако рускиот борач Ахмед Шиабдинович Гаџимагомедов, од кого изгуби во четвртфиналето, се пласира во финалето се стекна со право да излезе на меч за бронзен медал.

 



Слични вести