Турција на вториот ден од ЕП во кревање тегови освои уште 3 сребрени и 3 бронзени медали

Турција на вториот ден од Европското првенство во кревање тегови кое се одржува во градот Батум, во Грузија, освои уште 6 медали од кои 3 сребрени и 3 бронзени

1178890
Турција на вториот ден од ЕП во кревање тегови освои уште 3 сребрени и 3 бронзени медали

Турските спортисти репрезентативци кои се натпреваруваа на вториот ден од Европското првенство во кревање тегови што се одржува во градот Батум, во Грузија, освоија уште 6 медали, од кои 3 сребрени и 3 бронзени.

Турскиот репрезентативец, кревач на тегови во категоријата до 61 килограм Бунјамин Сезер кој излезе на подиумот во дисциплината трзај крена 132 килограми и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал.

Истиот репрезентативец, кревач на тегови во дисциплината исфрлување со кренати 151 килограм се пласира на шестото место, додека во дисциплината на вкупно кренати 283 килограми го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Во истата категорија до 61 килограм се натпреваруваше и турскиот репрезентативец Ферди Хардал кој во дисциплината трзај со кренати 127 килограми го освои третото место и се закати со бронзен медал, во дисциплината исфрлување со кренати 155 килограми беше втор и освои сребрен медал, а во дисциплината на вкупно кренати 282 килограми го освои третото место и се закити со бронзен медал. 

Во женска конкуренција пак, турската репрезентативка, кревачка на тегови Ајшеѓул Чобан Башол во категоријата до 55 килограми во дисциплината трзај со кренати 106 килограми го освои третото место и се закити со бронзен медал.

На Европското првенство во кревање тегови што се одржува во градот Батум во Грузија, Турција учествува со вкупно 20 спортисти во машка и во женска конкуренција.

Првенството ќе заврши на 13 април.

 



Слични вести