Турската кревачка на тегови Шазије Ердоган на ЕП во Батум, Грузија освои 2 златни и 1 сребрен медал

Турската репрезентативка Шазије Ердоган на Европското првенство во кревање тегови што се одржува во градот Батум во Грузија освои два златни и еден сребрен медал

1178349
Турската кревачка на тегови Шазије Ердоган на ЕП во Батум, Грузија освои 2 златни и 1 сребрен медал

Турската спортистка репрезентативка Шазије Ердоган која излезе на подиумот на Европското првенство во кревање тегови во категоријата до 45 килограми во трзај и во вкупно за жени освои два златни медали, а во исфрлување освои сребрен медал.

На првенството кое што се одржува во градот Батум во Грузија турската спортистка репрезентативка Шазије Ердоган во своето прво право во техниката трзај подигна 70 килограми, во второто право подигна 73 килограми, а во третото право подигна 75 килограми и освои златен медал во оваа техника наречена трзај.

Во техниката исфрлување Шазије Ердоган во своето прво право подигна 88 килограми , а во второто и третото право проба да подигне 91 килограм, но беше неуспешна.

Бугарската гревачка на тегови Ивана Петрова во оваа техника (исфрлување) крена 89 килограми со што освои златен медал, додека Шазије Ердоган беше втора и освои сребрен медал.

Меѓутоа турската кревачка на теговија Шазије Ердоган со вкупно кренати 163 килограми се искачи на врвот на пиедесталот и го освои својот втор златен медал на првенството.

На Европското првенство во кревање тегови што се одржува во градот Батум во Грузија Турција учествува со вкупно 20 спортисти во машка и во женска конкуренција.

Првенството ќе заврши на 13 април.



Слични вести