Турција на отворениот турнир за таеквондо во Германија освои 4 медали

Турција на отворениот турнир во таеквондо во Германија освои вкупно 4 медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен медал

1173792
Турција на отворениот турнир за таеквондо во Германија освои 4 медали

Турција, отворениот турнир во таеквондо во Германија кој за Олимписките игри во 2020 година во Токио дава 10 поени, го заврши со 4 медали.

Според објавеното соопштение од Федерацијата за таеквондо на Турција, на турнирот што се одржа во градот Хамбург во Германија, Турција учествуваше со вкупно 6 мина спортисти од кои 4 машки и 2 женски.

Притоа, Ферхат Џан Кавурат во категоријата до 63 килограми за мажи освои златен медал, Дениз Дагделен во категоријата до 54 килограми за мажи и Рукије Јилдирим во категоријата до 49 килограми за жени освоија сребрени медали, а Хасан Џан Лазоглу во категоријата до 87 килограми за мажи освои бронзен медал.



Слични вести