Турција на Европското првенство во карате во Шпанија освои 9 медали

На Европското првенство во карате кое се одржува во шпанскиот град Гуадалахара Турција освои 9 медали

1173896
Турција на Европското првенство во карате во Шпанија освои 9 медали

На финалните натпревари на првиот ден од 54. Европско првенство во карате кое што се одржува во шпанскиот град Гуадалахара, Турција освои вкупно 9 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали.

Во делот од натпреварите на првенството вчера во попладневните часови, женската репрезентација Кутеми која излезе на татами и тоа составена од Јилдиз Арас, Мелтем Хоџаоглу, Еда Алтемур и Мерве Чобан беше поразена од Украина со резултат од 2:1 и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал.

Денеска на последниот ден од првенството на финални мечеви ќе излезат репрезентациите во ката и кумите за мажи.



Слични вести