Турција извојува убедлива победа над Молдавија со резултат од 4:0

Турција синоќа на вториот одигран натпревар во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕУРО 2020) извојува убедлива победа над Молдавија со резултат од 4:0

1170825
Турција извојува убедлива победа над Молдавија со резултат од 4:0
FOTO_18020966_250320192101380000_R_SPO_20190325000000_aa-picture-20190325-18020966.jpg
FOTO_18020793_250320192049180000_R_SPO_20190325000000_aa-picture-20190325-18020793.jpg
FOTO_18020195_250320191946330000_R_SPO_20190325000000_aa-picture-20190325-18020195.jpg

Турската фудбалска репрезентација синоќа во градот Ескишехир ја пречека Молдавија.

Натпреварот заврши со убедлива победа од 4:0 за Турција, а головите ги постигнаа Хасан Али Калдирим, Каан Ајхан и Џенк Тосун (2).

На тој начин, Турција извојувајќи победа и на двата одиграни натпревари во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕУРО 2020),  бројот на своите поени го зголеми на 6.

Турската фудбалска репрезентација натпреварот го започна добро и уште од првите минути почна да врши притисок над својот противник Молдавија.

Во 24'тата минута од натпреварот на сцена настапи Хасан Али Калдирим и со постигнување на првиот гол Турција премина во водство од 1:0.

Молдавија која се уште не можеше да го отфрли од себе шокот од овој гол по 2 минути во 26'тата минута Џенк Тосун го постигна вториот гол и разликата беше зголемена на 2:0.

Во 54'тата минута од натпреварот Турција доби пенал, меѓутоа Бурак Јилмаз не можеше да го совлада голманот на Молдавија Кошелев.

По овој испуштен пенал во 56'тата минута Турција изведе корнер и Џенк Тосун го постигна својот 2 гол, а 3 гол за Турција и резултатот беше 3:0.

Во понатамошниот дел од натпреварот турските фудбалери речиси го зедоа под блокада голот на Молдавија.

Каан Ајхан постигна извонреден гол со глава и разликата веќе беше зголемена на 4:0.

На тој начин Турција ја совлада Молдавија со убедлива победа од 4:0.

Во меѓувреме, турската фудбалска репрезентација не ги заборави и загинатите во терористичкиот напад што беше извршен на 15 март, на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочниот намаз) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд.

Турските фудбалери пред да започне натпреварот на загревање излегоа со трансарент на кој  пишуваше „Hello brother“ (Здраво брате), кој инаку беше последниот збор што го изговори Давуд Наби кој го загуби животот во терористичкиот напад во Крајстчерч во Нов Зеланд.



Слични вести