Претставена маскотата на ЕУРО 2020 „Скилзи“

СПОРТСклизи, маскота на Евро 2020 (видео)Објавено пред 3 часа - 25 март, 2019Од TopSport.mk Европската фудбалска унија (УЕФА) ја претстави маскотата за Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕУРО 2020). Маскотата го доби името „Скилзи“ („Skillzy“)

1169994
Претставена маскотата на ЕУРО 2020 „Скилзи“

УЕФА вчера ја претстави маскотата на Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕУРО 2020) што ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година во 12 градови во Европа.

Маскотата на ЕУРО 2020 е наречена „Скилзи“ („Skillzy“).

Маскотата на првенството беше претставена пред синоќешниот натпревар помеѓу Хокландија и Германија во групата „Ц“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 година (ЕУРО 2020).

Маскотата на која и е дадено името „Скилзи“ („Skillzy“) и има изглед на карактер од цртаните филмови со лик на човек, се појави пред приближно 55 илјади гледачи пред натпреварот што се одигра на стадионот „Јохан Гројф“ во главниот град на Холандија, Амстердам.

Пред натпреварот на официјалната промоција учествуваа и светските шампиони во фудбал во слободен стил Лив Куки и Тобајас Бекс кои се вистински волшебници со фудбалската топка. 

Инаку, маскотата на ЕУРО 2020 „Скилзи“ („Skillzy“) е наследник на маскотата „Супер Виктор“ кој беше официјална маскота на Европското првенство во 2016 година во Франција.

 

 



Слични вести