Квалификации за ЕУРО 2020: Турција вечерва ја пречекува Молдавија

Натпреварот Турција-Молдавија ќе се одигра на стадионот "Јени Стадјум" во Ескишехир, ќе започне во 20:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на телевизискиот канал ТРТ 1, на Турската радио и телевизија ТРТ

1169949
Квалификации за ЕУРО 2020: Турција вечерва ја пречекува Молдавија

Воодушевувањето од квалификациите за Европското фудбалско првенство за 2020 (ЕУРО 2020) продолжуваат со одигрување на вторите натпревари.

Турската фудбалска репрезентација вечерва вториот натпревар од квалификациите за Европското фудбалско првенство за 2020 (ЕУРО 2020) во групата „Х“ ќе ја пречека Молдавија.

Техничките директор Шенол Ѓунеш и неговите фудбалери репрезентативци, на првиот натпревар што го одигра во гости извојува победа над Албанија со резултат од 2:0.

Молдавија пак на првиот натпревар беше поразена дома од Франција со резултат од 4:1.

Турција од досегашните 9 одиграни натпревари против Молдавија има извојувано 7 победи, а 2 натпревари завршија нерешено.

Последниот одигран натпревар помеѓу Турција и Молдавија во 2017 заврши со резултат од 3:1 за нашите фудбалери.

Турските фудбалери репрезентативци, против Молдавија постигнаа вкупно 21 гол, а примија 3 голови.

Натпреварот Турција-Молдавија ќе се одигра на стадионот "Јени Стадјум" (Нов Стадион) во градот Ескишехир, ќе започне во 20:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на телевизискиот канал ТРТ 1, на Турската радио и телевизија ТРТ.

Натпреварот ќе го води Сергеии Боико од Фудбалската федерација на Украина, негови помошници ќе бидат Семен Шлончак и Игор Алокин, а четврт судија ќе биде Микола Балакин.

Во истата квалификациона група со Турција вечерва во 22:45 часот според турско време ќе се одиграат уште два натпревари и тоа Франција-Исланд и Андора-Албанија.



Слични вести