Турција на квалификациите за ЕУРО 2020 утре вечер ќе ја пречека Молдавија

Натпреварот ќе се одигра утре вечер на стадионот "Јени Стадјум" во градот Ескишехир, ќе започне во 20:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на екраните на ТРТ 1

1169665
Турција на квалификациите за ЕУРО 2020 утре вечер ќе ја пречека Молдавија

Турската фудбалска репрезентација на вториот натпревар од квалификациите во групата "Х" за Европското фудбалско првенство за 2020 (ЕУРО 2020) утре вечер (25 март 2019, понеделник) ќе ја пречека Молдавија.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот "Јени Стадјум" во градот Ескишехир, ќе започне во 20:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на телевизискиот канал ТРТ 1, на Турската радио и телевизија ТРТ.

Натпреварот ќе го води Сергеии Боико од Фудбалската федерација на Украина, негови помошници ќе бидат Семен Шлончак и Игор Алокин, а четврт судија ќе биде Микола Балакин.

Турција на првиот натпревар што го одигра во квалификационата група во гости извојува победа над Албанија со резултат од 2:0, додека Молдавија дома изгуби од Франција со резултат од 4:1.

Во истата квалификациона група со Турција утре вечер во 22:45 часот според турско време ќе се одиграат уште два натпревари и тоа Франција-Исланд и Андора-Албанија.



Слични вести