Турција квалификациите за ЕУРО 2020 ги започна со победа против Албанија од 2:0

Турција во синоќешниот натпревар во рамките на квалификациите за Европското фудбалско првенство за 2020 година извојува победа против Албанија во гости со резултат од 2:0

1169109
Турција квалификациите за ЕУРО 2020 ги започна со победа против Албанија од 2:0

Турската фудбалска репрезентација синоќа во првиот натпревар од квалификациите во групата "Х" за Европското фудбалско првенство за 2020 (ЕУРО 2020) играше во гости против Албанија.

Натпреварот заврши со резултат од 2:0 за Турција.

Головите за Турција ги постигнаа Бурак Јилмаз и Хакан Чалханоглу.

Со оваа извојувана победа Турција квалификациите за ЕУРО 2020 ги започна со освоени 3 поени.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по натпреварот помеѓу Турција и Албанија разговараше преку телефон со техничкиот директор на турската фудбалска репрезентација Шенол Ѓунеш и со капетанот на репрезентацијата Емре Белозоглу.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор им честита на турските фудбалери за извојуваната победа.

На крајот од вториот ден од квалификациите за Европското фудбалско првенство за 2020 (ЕУРО 2020) се добиени следните резултати:

Група A

Бугарија-Црна Гора: 1-1

Англија-Чешка: 5-0

Група Б

Луксембург-Литванија: 2-1

Португалија-Украина: 0-0

Група Х

Албанија-Турција: 0-2

Андора-Исланд: 0-2

Молдавија-Франција: 1-4



Слични вести