Барцелона го победи Лион со 5-1

Аргентинецот Лајонел Меси излезе на 131-от натпревар во Лигата на шампионите и со овој натпревар го помина рекордот на Андрес Ињеста

00016237509.jpg
00016237630.jpg
00016237821.jpg

Барцелона со победата над Лион од 5-1 се пласира меѓу последниѕе 8 екипи на Лигата на шампионите на УЕФА.

Шпанската екипа Барцелона по натпреварот во гости кој заврши нерешено 0-0, беше домаќин на француската екипа Олимпик Лион.

Домашната екипа со двата гола од пенал во 18 и 78 минута на Лајонел Меси, 31-та минута на Филип Кутињо, 81-та минута на Жерар Пике, 86-та минута на Оусмане Дембеле извојува победа со резултат од 5-1.

Единствениот гол за Лион го постигна Лукас Тусарт.

Аргентинецот Лајонел Меси излезе на 131-от натпревар во Лигата на шампионите и со овој натпревар го помина рекордот на Андрес Ињеста со кого го делеше второто место како фудбалери кои што најмногу играа Лигата.

На врвот на списокот на фудбалери со дресот на Барцелона кои што најмногу играле во Лигата на шампионите се наоѓа Хави со 151 натпревар.



Слични вести