Јувентус и Манчестер Сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Со двата одиграни натпревари синоќа во осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА во четвртфиналето на овој турнир број еден во Европа се пласираа и Јувентус и Манчестер Сити

00016229247.jpg
00016229508.jpg
00016229465.jpg
2019-03-12T214446Z_1116432388_RC14AB613D50_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-MCI-S04.JPG
2019-03-12T211603Z_48739956_RC11D92B2740_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-MCI-S04.JPG
2019-03-12T204338Z_1569550799_RC1161588D90_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-MCI-S04.JPG

Синоќа беа одиграни два натпревари во осминафиналето во Лигата на шампионите, турнирот број еден во фудбал во Европа.

Италијански Јувентус го пречека шпанскиот претставник Атлетико Мадрид од чија страна во гости беше поразен со резултат од 2:0.

На натпреварот светската ѕвезда во фудбал Кристијано Роналдо постигна хет трик и Јувентус со извојувана победа од убедливи 3:0 се пласира во четвртфиналето.

Трите гола за Јувентус пристигнаа од Кристијано Роналдо од кои третиот од пенал, и тоа во 27-мата, 48-мата и 86-тата минута од натпреварот.

На тој начин Кристијано Роналдо бројот на своите постигнати голови од групните натпревари во Лигата на шампионите го зголеми на 124 гола. 

Освен тоа Роналдо по осми пат во Лигата на шампионите постигна хет трик (три голови на еден натпревар) и со тоа го долови играчот на Барселона Лионел Меси кој е сопственик на рекордот во оваа сфера.

Вториот реванш натпревар во осминафиналето во Лигата на шампионите синоќа, се одигра помеѓу англиската екипа Манчестер Сити и германски Шалке 04.

Манчестер Сити во првиот натпревар во гости извојува победа од 3:2 и овојпат го пречека Шалке 04 на свој терен. 

Домаќинската екипа со головите на Серџио Егуеро во 35-тата и 38-мата минута и двата од пенали, а потоа со голот и на лерој Сане во 42-рата минута од натпреварот првото полувреме го заврши со предност од 3:0.

Во второто полувреме Манчестер Сити продолжи со одличната игра и со головите на Рахем Стерлинг во 56-тата, Бернардо Силва во 71-вата, Фил Фоден во 78-мата и Габриел Џесус во 84-тата минута од натпреварот ја зголеми уште повеќе разликата и извојува убедлива победа од 7:0.

На тој начин по Јувентус, во четвртфиналето се пласира и Манчестер Сити.

Последните реванш натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА ќе бидат одиграни вечерва во натпреварите помеѓу Барселона и Олимпик Лион (0:0) и Баерн Минхен-Ливерпул (0:0).

Освен италијански Јувентус и англиски Манчестер Сити во четвртфиналето претходно се пласираа и англиските екипи Ливерпул и Манчестер Јунајтед, холандската екипа Ајакс и португалската екипа Порто.

 



Слични вести