Турција го освои второто место на ЕП во стрелаштво во сала 2019

Турција го освои второто место на Европското првенство во стрелаштво во сала 2019 кое се одржа во градот Самсун, на црноморскиот брег на Турција

1155839
Турција го освои второто место на ЕП во стрелаштво во сала 2019

На Европското првенство во стрелаштво во сала 2019 што се одржа во градот Самсун првото место го освои Русија, а втора е Турција со освоени 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

Првенството организирано од страна на Светската федерација за стрелаштво на кое учествуваа 184 спортисти од 25 земји се одржа во Салата за стрелаштво Илкадим во градот Самсун, на црноморскиот брег на Турција.

На првенството кое траеше 5 дена, Турција со вкупно освоени 7 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали го освои второто место во екипна конкуренција.

Златни медали за Турција освоија екипите на млади со стрела со макара и млади со класична стрела во машка конкуренција и Гизем Елмаагачли во поединечна женска конкуренција со стрела со макара.

Сребрени медали освоија Јакуп Јилдиз во поединечна машка конкуренција за млади со стрела со макара и Јасемин Беѓум Топкарџи во поединечна женска конкуренција за млади со стрела со макара.

Бронзените медали пак, ги освоија екипите во женска конкуренција за млади со стрела со макара и машка конкуренција со стрела со макара.

Третото место на првенството го споделија Италија и Украина со освоени по 2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на Гизем Елмаагачли која освои златен медал на Европското првенство во стрелаштво во сала 2019 година.



Слични вести