Шенол Ѓунеш на чело на турската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Турција постигна 4 годишен договор со Шенол Ѓунеш кој моментално го води Бешикташ

1154653
Шенол Ѓунеш на чело на турската фудбалска репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) за технички директор на турската фудбалска репрезентација постигна договор со Шенол Ѓунеш кој моментално е тренер на Бешикташ.

Во објавеното соопштение од Фудбалската федерација на Турција се истакнува дека за технички директор на турската фудбалска репрезентација е постигнат 4 годишен договор кој ќе ја преземе должноста на 1 јуни 2019 година и ќе ги опфати периодите на Европското фудбалско првенство во 2020 и Светскиот куп во 2022 година.

Во соопштението се вели следното: "Овој постигнат договор со господинот Шенол Ѓунеш посакуваме да биде ајирлија за турскиот фудбал."

Шенол Ѓунеш беше на чело на турската фудбалска репрезентација на Светското првенство во 2002 година што се одржа во Јужна Кореја и Јапонија кога Турција го освои третото место.



Слични вести