Дуел со вкупно 6 постигнати гола на истанбулското дерби помеѓу Бешикташ и Фенербахче

На дербите што се одигра на стадинот „Водафон парк“ во Истанбул Бешикташ го дочека својот противник Фенербахче и гледачите имаа можност да гледат натпревар со вкупно 6 постигнати гола, 3 за црно-белата, 3 за жолто-лилјаковата екипа

1152641
Дуел со вкупно 6 постигнати гола на истанбулското дерби помеѓу Бешикташ и Фенербахче
FOTO_17759642_250220192332060000_R_SPO_20190225000000_aa-picture-20190225-17759642.jpg
FOTO_17759289_250220192254090000_R_SPO_20190225000000_aa-picture-20190225-17759289.jpg
FOTO_17759244_250220192245200000_R_SPO_20190225000000_aa-picture-20190225-17759244.jpg
FOTO_17758634_250220192129450000_R_SPO_20190225000000_aa-picture-20190225-17758634.jpg
FOTO_17758581_250220192123590000_R_SPO_20190225000000_aa-picture-20190225-17758581.jpg

Во 23'тото коло од натпреварите во првата фудбалска лига на Турција Спор Тото Супер Лига, синоќа играа двата ривали Бешикташ и Фенербахче.

На дербите што се одигра на стадинот „Водафон парк“ во Истанбул Бешикташ го дочека својот противник Фенербахче и гледачите имаа можност да гледат натпревар со вкупно 6 постигнати гола, 3 за црно-белата, 3 за жолто-лилјаковата екипа.

Првото полувреме од натпреварот заврши со 3:0 за домаќинот Бешикташ, а во второто полувреме овојпат на сцена стапи Фенербахче и постигнувајќи 3 гола го изедначи резултатот на 3:3.

Во 10'тата минута од натпреварот со голот на Ѓикхан Ѓонул Бешикташ премина во водство од 1:0.

Црно-белите фудбалери во 18'тата минута со голот на Бурак Јилмаз од пенал разликата на зголемија на два гола.

Во 45+2 минута од натпреварот повторно стапи на сцена Бурак Јилмаз кој го постигна својот втор гол, а трет гол за Бешикташ, со што првото полувреме заврши со убедлив резултат од 3:0 за Бешикташ. 

Во второто полувреме овојпат на сцена се појави Фенербахче.

Во 52'рата минута од натпреварот Зајц го постигна првиот гол за Фенербахче и резултатот беше сведен на 3:1.

Во 62'рата минута со голот на Садик Чифтпинар резултатот беше сведен на 3:2 и разлика од само еден гол.

Хасан Али Калдирим во 67'мата минута од натпреварот го постигна и третиот гол за жолто-лилјаковата екипа со што резултатот беше изедначен на 3:3.

Со овој постигнат резултат двата големи ривали Бешикташ и Фенербахче добија по 1 поен.

Бешикташ бројот на своите бодови на табелата го зголеми на 40, а Фенербахче на 25.

Фенербахче во оваа сезона и на вториот одигран дерби натпревар најпрвин губеше, а потоа успеа да го изедначи резултатот.

На одиграниот натпревар против Галатасарај губеше со 2:0, но потоа жолто-лилјаковите фудбалери го изедначија резултатот на 2:2.



Слични вести