Галатасарај на реваншот со Бенфика играше нерешено 0:0 и се збогува од Лига Европа

Галатасарај кој на првиот натпревар на свој терен во Истанбул изгуби од Бенфика со резултат од 1:2, синоќа на реваншот играше нерешено без голови 0:0 и се збогува од Лига Европа на УЕФА

1150628
Галатасарај на реваншот со Бенфика играше нерешено 0:0 и се збогува од Лига Европа

Турскиот фудбалски претставник Галатасарај во Лига Европа на УЕФА на синоќешниотнатпревар во шеснаесетфиналето играше против португалски Бенфика.

Жолто-црвената екипа кој на првиот одигран натпревар на свој терен на стадионот Турк Телеком во Истанбул изгуби со 1:2, синоќа на реваншот играше нерешено без голови 0:0.

На тој начин Галатасарај се збогува од Лига Европа на УЕФА.

Фудбалерите на Галатасарај во првото полувреме играа пасивна игра пред својот противник и се соочија со тешкотии за да создадат погодна позиција за постигнување гол. 

Домаќинот Бенфика беше влијателна пред голот на Галатасарај со брзите изведени напади, но не можеше да постигне гол.

Првото полувреме заврши без голови 0:0.

Галатасарај во 63'тата минута од натпреварот постигна гол со Белханда, а во 85'тата минута со Емре Акбаба, но и двата гола беа поништени поради офсајт. 

Натпреварот заврши со нерешен резултат без голови 0:0 со што Галатасарај се збогува со Лигата на Европа

 

 



Слични вести