Фенербахче ја испушти укажаната шанса за пласирање во следното коло во Лига Европа

Фенербахче синоќа на реванш натпреварот во шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА изгуби од руски Зенит со 3:1 и ја испушти укажаната шанса за пласирање во следното коло во Лига Европа

1150702
Фенербахче ја испушти укажаната шанса за пласирање во следното коло во Лига Европа

Турскиот фудбалски претставник Фенербахче на синоќешниот реванш натпревар во шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА му гостуваше на руски Зенит.

Жолто-лилјаковата екипа на овој тежок натпревар излезе без своите неколку значајни играчи.

Валбуена и Бензиа не можеа да играат поради повреди, Исла не играше поради тоа што беше казнет, а еден друг значаен играч Солдадо не беше внесен во списокот со играчи во УЕФА.

Домашната руска екипа Зенит натпреварот што се одигра на стадионот Санкт Петербург го започна со влијателна игра и уште во 4'тата минута премина во водство од 1:0.

Магомед Оздоев со топката што ја доби од Сардар Азмоун го постигна првиот гол за руската екипа.

Во 37'мата минута од натпреварот овојпат на сцена стапи иранскиот фудбалер Сардар Азмоун и резултатот веќе беше 2:0 за Зенит.

Фенербахче во 43'тата минута со извонредниот гол на Мехмет Топал кој шутираше од далеку резултатот го намали на 2:1.

Во второто полувреме Фенербахче почна добро, но голот пристигна од Зенит.

Сардар Азмоун ја искористи грешката на Мехмет Топал и во 76'тата минута од натпреварот го постигна својот втор гол, а трет гол за својата екипа. 

До крајот на натпреварот немаше друг гол и заврши со победа на руската екипа Зенит со резултат од 3:1.

Со овој резултат Фенербахче се збогува од Лига Европа на УЕФА.



Слични вести