Напнатост пред натпреварот за титулата светски шампион

Милер со  туркање го пречека Џошуа кога му беше најавено името

1149254
Напнатост пред натпреварот за титулата светски шампион
1.jpg

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа на 1 јуни ќе боксува против предизвикувачот Џарел Милер.

Пред натпреварот за титулата светски шампион, боксерите Ентони Џошуа и Џарел Милер одржаа прес конференција.

Висока беше напнатоста во  „Madison Square Garden“ во Њујорк каде што ќе се одржи натпреварот.

Милер со  туркање го пречека Џошуа кога му беше најавено името.

Боксерот од нигериско потекло во последен момент се спаси да не падне од рингот и покрај тоа што се обиде да му врати на противникот, во меѓувреме интервенираше обезбедувањето.

Двајцата спортисти подоцна започнаа вербална препирка пред микрофоните.

Боксерот Џошуа од 22 натпревари на колку што излезе 21 натпревар ги заврши со нокаут.



Слични вести