Ула Густавсон отповикана од функцијата поради користење изрази против шамијата и забраденоста

Атлетската федерација на Шведска соопшти дека нема да се прави и нема да дозволат да се врши дискриминација врз ниту еден спортист

1145994
Ула Густавсон отповикана од функцијата поради користење изрази против шамијата и забраденоста

Атлетската федерација на Шведска ја отповика од функцијата претседателката Ула Густавсон поради користење изрази против шамијата и забраденоста.

Според веста на шведската државна телевизија СТВ, Атлетската федерација на Шведска на вчерашниот состанок донесе одлука за отповикување на претседателката Густавсон.

Федерацијата соопшти дека нема да се прави и нема да дозволат да се врши дискриминација врз ниту еден спортист.

Во изјавата за угледниот весник „Афтонбладет“ во среда, Густавсон ја критикуваше фотографијата на една забрадена спортистка која беше објавена на страницата на Атлетската федерација ви во врска со тоа рече:

„Шамијата претставува средство на притисок и показател за сексуалност. Браковите со деца, убиствата поради чест, зарем овие поими имаат место со нашите вредности? Ако децата на мигрантите сакаат да се бават со спорт, тоа можат да го прават и без шамија“ рече Густавсон во изјавата.

Потпретседателот на пливачката федерација Стефан Персон ја критикуваше изјавата на Густавсон потенцирајќи дека сите Пливачката федерација пружа еднакви услуги на сите деца.



Слични вести