Галатасарај поразен дома од португалски Бенфика со 1:2

Галатасарај во синоќешниот одигран натпревар против португалски Бенфика во Лига на Европа изгуби на свој терен со резултат од 1:2

1145881
Галатасарај поразен дома од португалски Бенфика со 1:2

Турскиот фудбалски претставник Галатасарај не можеше да ја започне онака како што посакуваше својот пат во Лига Европа на УЕФА.

Жолто-црвената екипа која беше елиминирана од Лигата на шампионите и го продолжи својот пат во Лига Европа, во првиот натпревар во последното 32'ро коло синоќа на свој терен ја пречека португалски Бенфика.

Галатасарај натпреварот го започна со добра игра, но не можеше да искористи ниту една од укажаните можности за постигнување гол и преминување во водство.

Во 19'тата минута Онјекуру од позиција од која не можеше на промаши не можеше да постигне гол.

Гостинската екипа Бенфика во 25'тата минута со една дискутабилна одлука на судијата се сдоби со пенал.

Шпанскиот судија на мечот Манзано пресуди дека Маркао во казнениот простор играше со рака, но од повторно емитуваните снимки јасно се гледа дека топката удрила во неговото рамо. 

Голот од пенал го постигна Салвио и Бенфика премина во водство од 1:0 и со овој резултат заврши првото полувреме од натпреварот..

Галатасарај второто полувреме го започна со реализација на организирани напади и вршеше притисок со што во 54'тата минута од натпреварот го изедначи резултатот на 1:1.

На извонредно центрираната топка од левото крило од страна на Нагатомо на задната статива Лујиндама постигна гол со глава.

Нерешениот резултат на мечот траеше 9 минути, по што Бенфика го постигна вториот гол и повторно премина во водство.

Сеферович ја искористи позицијата во која остана сам пред голманот на Гаталасарај Муслера и го постигна вториот гол за својата екипа.

На тој начин Галатасарај изгуби на свој терен со 1:2.

Реванш натпреварот помеѓу Галатасарај и Бенфика ќе се одигра на 21 февруари, во четврток вечер, во Португалија.



Слични вести