Младиот турски стрелец Мете Газоз на пат да стане легенда во стрелаштво

На досегашните првенства на кои што учествуваше младиот турски трелец Мете Газоз освои 6 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали, а соборени и светски и европски рекорди со што е на пат да стане легенда во оваа спортска гранка

1143868
Младиот турски стрелец Мете Газоз на пат да стане легенда во стрелаштво

Младиот турски спортист Мете Газоз кој се наоѓа меѓу најголемите таленти во стрелаштво во последните години, во 2018 година која се оценува како златна година во неговата кариера не можеше да се изнасити на медали.

Овој наш спортист на досегашните првенства на кои што учествуваше освои 6 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали, а често го постави своето име на дневниот ред и по соборените светски и европски рекорди.

Мете Газоз на светската ранг листа на која што во почетокот на 2018 година се наоѓаше на 32'рото место по постигнатите успеси се искачи дури до 5'тото место.

Успешниот млад спортист на гласањето на Светската стрелачка федерација во 2018 година ги доби наградите „спортист на годината“ и „спортист со најдобар старт во годината“, со што успеа да стане прв машки спортист на Турција со класична стрела кој ги доби овие награди. 

 



Слични вести