Профилите на фудбалерот Мухамед Салах на социјалните медиуми недостапни за јавноста

Фудбалерот Салах на вчерашниот пост напиша: „Одлука 2019: дојде време за вистинска комуникација“

1131781
Профилите на фудбалерот Мухамед Салах на социјалните медиуми недостапни за јавноста

Недостапноста на профилите на фудбалската ѕвезда на Ливерпул од египетско потекло Мухамед Салах на социјалните медиуми го променија дневниот ред на Велика Британија.

Денес фановите на Салах немаа пристап до профилите на фудбалерот на Фејсбук, твитер и инстаграм.

Салах не направи никаков коментар во врска со прашањето кое го промени дневниот ред на земјата.

Според некои тврдења кои беа објавени во социјалните медиуми, причината за недостапноста до профилите на Салах на социјалните медиуми се поврзува со вчерашниот пост на Салах.

Имено фудбалерот Салах кој има доста голем број фанови во Египет, на вчерашниот пост напиша: „Одлука 2019: дојде време за вистинска комуникација“.

Десното крило на Ливерпул фудбалерот Мухамед Салах од египетско потекло во 38-то коло на англиската Премиер лига 2017-2018 година со 32 голови беше прогласен за најдобар голгетер на сезоната.



Слични вести