Хидајет Туркоглу остро реагираше на тврдењата на членот на ФЕТО, кошаркарот Енес Кантер

Претседателот на Кошаркарската федерација на Турција Хидајет Туркоглу реагираше остро на изјавите на кошаркарот на НБА Енес Кантер, кој е член на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1121743
Хидајет Туркоглу остро реагираше на тврдењата на членот на ФЕТО, кошаркарот Енес Кантер

Претседателот на Кошаркарската федерација на Турција Хидајет Туркоглу покажа остра реакција против Енес Кантер, кошаркар кој игра во американската професионална кошаркарска лига НБА и е член на  Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), кој истакна дека не заминал за Велика Британија бидејќи се плаши дека неговиот живот е загрозен.

Туркоглу во соопштението кое што го објави  на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, на турски, англиски и германски јазик, истакна дека таквите изјави на Енес се далеку од реалност.

"Со вџашеност ги дочекав невистините за Република Турција кои ги изнесува Енес Кантер, познат по својата лојалност на челникот на ФЕТО, и неговата изјава дека 'нема да присуствува на натпреварот на неговиот тим во Лондон поради тоа што се плаши дека ќе биде убиен од страна на  Турција'. Ние знаеме дека поради проблеми со визата тој самиот од 2017 година не може да патува во голем број земји.“ истакна претседателот на Кошаркарската федерација на Турција Хидајет Туркоглу. 



Слични вести