Фенербахче Беко во Евролигата Туркиш Ерлајнс утре вечер ќе му гостува на руски Кимки

Натпреварот ќе се одигра во Митишчи Арена во рускиот главен град Москва и ќе започне во 20:00 часот според турско време

1120957
Фенербахче Беко во Евролигата Туркиш Ерлајнс утре вечер ќе му гостува на руски Кимки

Турскиот кошаркарски претставник Фенербахче Беко во 17'тото коло во Евролигата Туркиш Ерлајнс утре вечер ќе игра во гостин против руски Климки.

Натпреварот ќе се одигра во Митишчи Арена во рускиот главен град Москва и ќе започне во 20:00 часот според турско време.  

Жолто-лилјаковите кошаркари предводени од искусниот главен тренер Жељко Обрадовиќ оваа сезона презентираат извонреден перформанс и извонредна игра во Евролигата Туркиш Ерлајнс, ги добија сите последни одиграни по ред 12 меча.

Фенербахче Беко со извојувани 15 победи во досега одиграни вкупно 16 натпревари се наоѓа на чело на табелата.

Руски Кимки пак има 6 победи и 10 порази со што на табелата се наоѓа на 12'тото место.

Последните одиграни 5 натпревари помеѓу двете екипи во Евролигата Туркиш Ерлајнс завршија со победа на Фенербахче Беко.

 



Слични вести