Фенербахче Беко првиот дел од Евролигата Туркиш Ерлајнс го заврши на чело на табелата

Фенербахче Беко во Истанбул го победи шпански Реал Мадрид со резултат од 65:63 и извојувајќи ја својата 11'сета по ред победа со вкупно 14 извојувани победи на 15 одиграни кола ја зачува лидерската позиција на табелата во Евролигата Туркиш Ерлајнс

1115936
Фенербахче Беко првиот дел од Евролигата Туркиш Ерлајнс го заврши на чело на табелата

По одигрувањето на последните натпревари од 15'тото коло на Евролигата Туркиш Ерлајнс, најпрестижното клупско кошаркарско натпреварување во Европа, турскиот претставник Фенербахче Беко го продолжи своето водство на врвот на табелата.

Во организацијата број еден на ниво на клупското европско кошаркарско натпреварување заврши првиот дел од сезоната.

Фенербахче Беко го пречека на свој терен во Истанбул шпански Реал Мадрид од кој минатата сезона изгуби во финалето.

Жолто-лилјаковите кошаркари натпреварот на кој што се водеше жестока борба го добија со резултат од 65:63 и извојувајќи ја својата 11'сета по ред победа со вкупно 14 извојувани победи на 15 одиграни кола ја зачува лидерската позиција на табелата во Евролигата Туркиш Ерлајнс.

Шпанскиот претставник Барселона Ласса пак го пречека турски Анадолу Ефес над кој извојува победа со резултат од 80:65.

Со овој резулат, Анадолу Ефес го доживеа и шестиот пораз и се пласира на четвртото место на табелата.

Еден друг кошаркарски претставник Дарушшафака Текфен пак, во Евролигата Туркиш Ерлајнс извојува победа над грчки Олимпијакос со резултат од 79:75.

Меѓутоа и покрај оваа извојувана победа над Олимпијакос, Дарушшафака Текфен првиот дел го заврши на 16'сетото последно место на табелата.

Вториот дел на Евролигата Туркиш Ерлајнс со натпреварите од 16.'сетото коло ќе се одигра на 3 и 4 јануари 2019 година.


Резултати од 15'сетото коло на  Евролигата Туркиш Ерлајнс

Химки Москва - Басконија 77:85

Дарушшафака - Олимпијакос 79:75

Макаби - Армани Милан 94:92

Барселона Ласса - Анадолу Ефес 80:65

Фенербахче Беко - Реал Мадрид 65:63

Панатинаикос - ЦСКА Москва 96:84

Баерн Минхен - Будуќност ВОЛИ 93:88

Хербалајф Гран Канарија - Жалгирис 73:66

 

Табела

ЕкипиНат.Поб.Пор.ДадениПримениРазликаБодови
1. Фенербахче Беко151411254112013429
2. Реал Мадрид151231312114017227
3. ЦСКА Москва15114131412328226
4. Анадолу Ефес1596129212365624
5. Олимпијакос1596120911555424
6. Баерн Минхен158712071212-523
7. Барселона Ласса158711311143-1223
8. Жалгирис1578119011781222
9. Армани Милан157812891285422
10. Басконија157812121210222
11. Панатинаикос157811851191-622
12. Хербалајф Гран Канарија156912181318-10021
13. Макаби1551011701201-3120
14. Химки Москва1551011651212-4720
15. Будуќност ВОЛИ1531210881264-17618
16. Дарушшафака1521311381277-13917

 

 

 



Слични вести