Семих Сајгинер, етапен шампион на Турција во билијард со три топки

Билијардистот Семих Сајгинер кој еден по еден ги елиминира сите свои противници во финалето на првенството на Турција во билијард со три топки играше со Лутфи Ченет кого го победи со резултат од 40:29 и стана етапен шампион на Турција

1113212
Семих Сајгинер, етапен шампион на Турција во билијард со три топки

Домаќи на последното финале од сезоната на првенството на Турција во билијард со три топки беше градот Измир.

Семих Сајгинер кој еден по еден ги елиминира сите свои противници во финалето играше со Лутфи Ченет.

Мечот на кој што до крајот се водеше голема борба го доби Семих Сајгинер со 40:29 и стана етапен шампион.

Пехарите на билијардистите кои се пласираа на првите три места и се искачија на пиедесталот им беа доделени од страна на заменик-министерот за младина и спорт Хамза Јерликаја.

Семих Сајгинер кој победи на финалната етапа истакна дека сезоната не ја започна добро, но дека посакува да продолжи со надоградување.

Блијардистот Мурат Наџи Чоклу пак кој беше трет во финалната етапа, но во генерална класификација стана шампион истакна дека во новата година ќе се одиграат мечеви на кои што ќе се води жестока борба.



Слични вести