Извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите

Манчестер Јунајтед ќе игра против Париз Сен-Жермен ПСЖ, минатогодишниот финалист англиски Ливерпул против Баерн Минхен, а бранителот на европската титула, минатогодишниот шампион Реал Мадрид за свој противник го доби Ајакс

1108663
Извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите
Şampiyonlar Ligi kura çekimi son 16 takım.jpg
real madrid-ajax.jpg

Познати двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА.

Ждрепките беа извлечени во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион.

Според тоа во осминафиналето во Лигата на шампионите во оваа сезона ќе проследиме две големи пресметки, а тоа ќе бидат натпреварот помеѓу англиски Манчестер Јунајтед и француски Париз Сен-Жермен ПСЖ, како и оној помеѓу минатогодишниот финалист англиски Ливерпул и германски Баерн Минхен.

Бранителот на европската титула, минатогодишниот шампион шпански Реал Мадрид пак, за свој противник на извлечените ждрепки го доби холандски Ајакс.

 

Еве ги двојките во осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА:

Шалке 04 (Германија) - Манчестер Сити (Англија)

Атлетико Мадрид (Шпанија) - Јувентус (Италија)

Манчестер Јунајтед (Англија) - Париз Сен-Жермен ПСЖ (Франција)

Тотенхем (Англија) - Борусија Дортмунд (Германија)

Олимпик Лион (Франција) - Барселона (Шпанија)

Рома (Италија) - Порто (Португалија)

Ајакс (Холандија) - Реал Мадрид (Шпанија)

Ливерпул (Англија) - Баерн Минхен (Германија)

 

Првите осминафинални натпревари ќе се одиграт на 12 и 13 и на 19 и 20 февруари 2019 година, а реваншите на 5 и 6 и на 12 и 13 март 2019 година.

 



Слични вести