Извлечени двојките во Лига Европа: Фенербахче-Зенит, Галатасарај-Бенфика

Според извлечените ждрепки за шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА, Фенербахче го доби за противник руски Зенит, а Галатасарај ќе игра против португалски Бенфика

1108712
Извлечени двојките во Лига Европа: Фенербахче-Зенит, Галатасарај-Бенфика
uefa.jpg
galatasaray.JPG

Во седиштето на швајцарскиот град Нион денеска беа извлечени двојките за шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА, втората по големина фудбалска организација на ниво на европски фудбалски клубови.

На тој начин беа познати противниците и на двата турски претставници Фенербахче и Галатасарај.

Според извлечените ждрепки Фенербахче го доби за противник руски Зенит, а Галатасарај ќе игра против португалски Бенфика.

Првите натпревари во шеснаесетфиналето во Лига Европа ќе се одиграт од 12 до 14 февруари 2019 година, а реваншите на 20 и 21 февруари 2019 година.

Турските претставници Фенербахче и Галатасарај своите први натпревари ќе ги одиграт на домашен терен, пред своја публика.

Еве ги двојките за шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА:

 

Викторија Плзен (Шехја) - Динамо Загреб (Хрватска)

Клуб Бруж (Белгија) - Салцбург (Австрија)

Рапид Виен (Австрија) - Интер (Италија)

Славиа Праг (Шехја) - Генк (Белгија)

Краснодар (Русија) - Баерн Леверкузен (Германија)

Цирих (Швајцарија) - Наполи (Италија)

Малме (Шведска) - Шелзи (Англија)

Шактјор Доњецк (Украина) - Ајнтрахт Франкфурт (Германија)

Селтик (Шкотска) - Валенсија (Шпанија)

Ренес (Франција) - Реал Бетис (Шпанија)

Олимпијакос (Грција) - Динамо Киев (Украина)

Лацио (Италија) - Севиља (Шпанија)

Фенервахче (Турција) - Зенит (Русија)

Спортинг Лисабон (Португалија) - Вилареал (Шпанија)

БАТЕ (Белорусија) - Арсенал (Англија)

Галатасарај (Турција) - Бенфика (Португалија)

 



Слични вести