Галатасарај се збогува од Лигата на шампионите, продолжува во Лига Европа

Галатасарај по синоќешниот пораз од Порто со резултат од 2:3 се пласира на третото место во својата квалификациона група и збогувајќи се од Лигата на шампионите на УЕФА ќе продолжи во Лига Европа на УЕФА

1105411
Галатасарај се збогува од Лигата на шампионите, продолжува во Лига Европа

Турскиот претставник Галатасарај на синоќешниот шести и воедно последен одигран натпревар во Групата „Д“ во Лигата на шампионите на УЕФА го пречека попртугалски Порто.

Натпреварот се одигра на стадионот Турк Телеком во Истанбул и заврши со резултат од 2:3 за Порто.

На тој начин Галатасарај по овој пораз се пласира на третото место во својата квалификациона група и збогувајќи се од Лигата на шампионите на УЕФА ќе продолжи во Лига Европа на УЕФА.

Жолто-црвените фудбалери претходно ја изгубија шансата да продолжат со натпреварите во Лигата на шампионите и и покрај синоќешниот пораз на дома на свој терен откако во другиот натпревар во групата германската екипа Шалке 04 беше поразена од руски Локомотив Москва со резултта од 1:0 се стекна со право да продолжи да игра во Лига Европа на УЕФА.

Головите за Порто ги постигнаа Фелипе, Марега (од пенал) и Оливеира, а стрелци на двата гола за Галатасарај беа Софиан Фегули (од пенал) и Ерен Дердијок.

Галатасарај натпреварите во Групата „Д“ во која во наредното коло на Лигата на шампионите се пласираа Порто и шалке 04, ги заврши на третото место со една победа, еден нерешен меч и 4 порази со што освои вкупно 4 поени.

на тој начин Галатасарај се збогува од Лигата на шампионите на УЕФА, но ќе продолжи во Лига Европа на УЕФА.

Двојките во Лига Европа на УЕФА ќе бидат извлечени на 17 декември, во понеделник.

 



Слични вести