Женските одбојкарки на ВакифБанк во финалето на СП на клубови на ФИВБ

Одбојкарките на ВакифБанк денеска во 15:00 часот според турско време во финалето на Светското првенство на клубови на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) ќе играат против бразилски Минас Тенис Клуб

1103118
Женските одбојкарки на ВакифБанк во финалето на СП на клубови на ФИВБ

Турската женска одбојкарска екипа ВакифБанк во полуфиналето на Светското првенство на клубови на Меѓународната одбојкарска федерација ФИВБ го победи бразилскиот Праиа со резултат од 3:1 во сетови.

ВакифБанк со оваа извојувана победа се пласира во финалето.

Жолто-црните одбојкарки кои извојуваа победа на сите 10 последни одиграни натпревари на Светското првенство на клубови на ФИВБ, денеска ќе играат против бразилската екипа Минас Тенис Клуб.

Натпреварот ќе започне во 15 часот според турско време.

Турската женска одбојкарска екипа ВакифБанк доколку победи и во финалето по трет пат ќе го освои Светското првенство на клубови на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ).



Слични вести