Одбојкарките на ВакифБанк станаа светски шампионки

Одбојкарките на ВакифБанк во финалето на Светското првенство на клубови на Меѓународната одбојкарска федерација ФИВБ во кинескиот град Шаоксинг ги победија своите бразилски противнички на Минас и по трет пат станаа светски шампионки

1103421
Одбојкарките на ВакифБанк станаа светски шампионки

Турската женска одбојкарска екипа ВакифБанк во финалето на Светското првенство на клубови на Меѓународната одбојкарска федерација ФИВБ ја победи бразилската екипа Минас со резултат од 3:0 во сетови и по трет пат стана светски шампион.

Натпреварот се одигра во кинескиот град Шаоксинг.

Одбојкарките на ВакифБанк ги победија својите бразилски противнички на екипата Минас и освојувајќи го првото место  се закитија со златен медал.

На тој начин ВакифБанк по трет пат стана шампион на Светското првенство на клубови на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ).

Претходно ВакифБанк го освои овој турнир во 2013 и 2017 година.



Слични вести