Роналдо со полна пареа во Јувентус

Роналдо во 59-та минута ја покажа својата класа и со асистенцијата на хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ допринесе Јувентус да прејде о водство од 1-0

1096316
Роналдо со полна пареа во Јувентус

Италијанската фудбалска екипа Јувентус во петтото коло во Х групата на Лигата на шампионите на домашен терен ја совлада гостинката екипа на Валенција со голот што го постигна во второто полувреме и со победата од 1-0 во групата се пласираше како лидер.

На натпреварот чие прво полувреме заврши без голови, Кристијано Роналдо во 59-та минута ја покажа својата класа и со асистенцијата на хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ допринесе Јувентус да прејде о водство од 1-0.

Голот што го постигна фудбалерот на Валенција Дани Парејо не беше признат поради тоа што играше со рака. Натпреварот заврши со единствениот гол на Манџукиќ и победата на Јувентус од 1-0.

Валенција на последниот натпревар во групата ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед, додека Јувентус ќе игра во гости против Јанг Бојс.



Слични вести