Турската спортистка Зејнеп Челик освои златен медал на Првенството во џудо на IBSA

На Првенството во џудо на Меѓународната федерација на спортови за слепи (IBSA) турската спортистка репрезентативка Зејнеп Челик го освои првото место и се закити со златен медал

1089891
Турската спортистка Зејнеп Челик освои златен медал на Првенството во џудо на IBSA

Турската спортистка репрезентативка Зејнеп Челик на Првенството во џудо на Меѓународната федерација на спортови за слепи (IBSA) го освои првото место и се закити со златен медал.

Според објавеното соопштение од Федерацијата за слепи на Турција, турската  спортистка репрезентативка Зејнеп Челик која се натпреваруваше на првенството на кое учествуваат 268 спортисти од 40 земји и кое се одржува во португалскиот град Одивелас, фрли потпис на еден мошне значаен успех.

Турската репрезентативка спортистка Зејнеп Челик во финалето ја обеди својата јапонска противничка Јунко Хиросе и стана светска шампионка во џудо.

Турнирот ќе продолжи до 19 ноеври, понеделник.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати телеграма со честитка во која и честита на Зејнеп Челик за освоениот златен медал.

 



Слични вести