Фенербахче и Анадолу Ефес оваа недела ја завршија со победи во Лигата на Европа Туркиш Ерлајнс

На натпреварите кои што се одиграа во седмата недела во Лигата на Европа Туркиш Ерлајнс и двата турски претставници Фенербахче и Анадолу Ефес извојуваа победи

1089892
Фенербахче и Анадолу Ефес оваа недела ја завршија со победи во Лигата на Европа Туркиш Ерлајнс

Турските кошаркарски претставници Фенербахче и Анадолу Ефес извојуваа победи на крајот на одиграните натпревари во седмата недела во Лигата на Европа Туркиш Ерлајнс.

Фенербахче на одиграниот тежок натпревар во гости против грчки Олимпијакос победи со 73:72 и со тоа ја извојува својата трета по ред победа, а во вкупно ја извојува својата шеста победа и неделата ја заврши на третото место. 

Анадолу Ефес на свој терен играше со еден друг грчки претставник Панатинаикос.

На овој натпревар Анадолу Ефес победи со разлика од 16 поени со резултат од 78:62 со што ја извојува својата петта победа и неделата ја заврши на петтото место.

 



Слични вести