Турската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари
Турција во Лигата на нациите на 17 ноември во сабота вечер ќе игра против Шведска, а на 20 ноември во вторник вечер ќе одигра приватен натпревар со Украина

Турската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за натпреварот во Лигата на нациите на УЕФА што ќе го одигра против Шведска на 17 ноември во сабота вечер и за приватниот натпревар на 20 ноември во вторник вечер со Украина.
На првиот тренинг поради повреди не учествуваа Хасан Али Калдирим и Енес Унал.
Сердар Азиз пак тренираше одделно од екипата.
Голманот Ѓокхан Аккан беше изваден од кадарот поради повреда, а на негово место беше поканет голманот Окан Коџук.
Окај Јокушлу, Џенгиз Ундер и Хакан Чалханоглу кон кампот се приклучија кон кампот.
Турција на 17 ноември во сабота вечер во Лигата на нациите на УЕФА ќе игра против Шведска.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот во градот Конја и ќе започне во 20:00 часот според турско време.
По овој натпревар Турција на 20 ноември во вторник вечер ќе одигра приватен натпревар со Украина.