Турската репрезентација на лицата со ампутирани екстремитети го освои второто место на СП

Натпреварот во нормално време заврши нерешено 0-0

1081422
Турската репрезентација на лицата со ампутирани екстремитети го освои второто место на СП
New folder (2)/amputee_3.jpg

Турската фудбалска репрезентација на лицата со ампутирани екстремитети го освои второто место на Светското првенство во Мексико.

Турската фудбалска репрезентација на лицата со ампутирани екстремитети која во рамките на проектот „Турција игра фудбал“ на Фудбалската федерација на Турција под покровителство на Спортската федерација на лицата со телесен инвалидитет, под спонзорство на Турксел, на финалниот натпревар на Светското првенство во Мексико играше против репрезентацијата на Ангола.

На првенството што се одржа во мексиканскиот град Сан Хуан де лос Лагос, турскиот фудбалер Серкан Дерели во првата половина на финалниот натпревар добро играше и ги примаше топките што му ги додаваше Рахми Озџан. Но за жал не можеше да постигне гол и покрај неколкуте шанси. По шутот на Рахми Озџан во 24 минута како и неколкуте шутеви на Шехмус Ердинч, топката удри во стативата. Првото полувреме од натпреварот заврши нерешено 0-0.

Турските репрезентативци во втората половина најдоа поголем број шанси за гол, но и покрај сите напори и второто полувреме заврши нерешено 0-0, поради што се премина на продолженија.

Во продолженијата од по 10 минути, двете екипи не можеа да постигнат голови така што натпреварот продолжи со пенали.

Турските фудбалери Бариш Телли, ;ухамет Јеген, Фатих Шентурк и Рахми Озџан постигнаа голови од пеналите. Капетанот Осман Чакмак го промаши петтиот пенал. Анголските фудбалери не погрешија и натпреварот заврши 5-4.

Репрезентацијата на Ангола која на последното СП го освои второто место, на годинашново првенство го освои првото, Турција второто.

Турските репрезентативци по поразот беа многу тажни.

СП за лица со ампутирани екстремитети на која турските репрезентативци го освоија второ место, заврши со свечено доделување на пехарот.

На турските фудбалери кои на финалниот натпревар беа поразени на пенали со резултат од 5-4 им беа доделени медали.

Турските фудбалери на крајот на натпреварот беа многу тажни поради тоа што ја изгубија шансата да бидат први и не можеа да ги скријат солзите на доделувањето на пехарот и медалите. Пехарот за второ место го подигнаа капетанот Осман Чакмак и фудбалерот Рахми Озџан, додека кај фудбалерите и техничката екипа владееше големо нерасположение поради изгубената шанса.



Слични вести