Турската репрезентација во борење за жени јуниорки стана балкански шампион

Турската женска репрезентација во борење на Балканското првенство во борење за јуниорки на првенството што се одигра во Тирана, Албанија, со вкупно освоени 200 поени и 9 медали од кои 7 златни и 2 сребрени стана балкански шампион

1081243
Турската репрезентација во борење за жени јуниорки стана балкански шампион

Турската женска репрезентација во борење на Балканското првенство во борење за јуниорки со освоени вкупно 9 медали, од кои 7 златни и 2 сребрени стана балкански шампион.

На првенството што се одржа во главниот град на Албанија, Тирана, турската женска репрезетација во борење за јуниорки со освоени вкупно 200 поени  го освои провото место на првенството и стана балкански шампион, домаќинот Албанија со освоени 130 поени го освои второто место, а трета беше Грција со освоени 110 поени.  

Златните медали за Турција на првенството пристигнаа од Синем Ќороглу во категоријата до 57 килограми, Шухеда Озџан во категоријата до 59 килограми, Шуле Кабак во категоријата до 62 килограми, Гамзенур Адакан во категоријата до 64 килограми, Кадрије Аксој во категоријата до 68 килограми, Мерве Пул во категоријата до 72 килограми и Мехтап Ѓултекин во категоријата до 76 килограми, а сребрените медали ги освоија Нурифе Думан во категоријата до 57 килограми и Озге Финдикчи во категоријата до 59 килограми.

 



Слични вести