Формула 1: На трката за Големата награда на Русија победи Луис Хамилтон

Со оваа извојувана победа Британецот Луис Хамилтон пред последните пет трки во овогодишното Првенство во Формула 1 ја зголеми разликата во однос на второпласираниот Фетел на 50 поени

1060075
Формула 1: На трката за Големата награда на Русија победи Луис Хамилтон
2018-09-30T151130Z_896741218_RC1B1A4507C0_RTRMADP_3_MOTOR-F1-RUSSIA.JPG
2018-09-30T135707Z_563653669_RC18E20AD8A0_RTRMADP_3_MOTOR-F1-RUSSIA.JPG
2018-09-30T133731Z_16329244_RC1383A91020_RTRMADP_3_MOTOR-F1-RUSSIA.JPG

Победник на 16-тата трка во Формула 1 за Големата награда на Русија е британскиот пилот од тимот на Мерцедес Луис Хамилтон.

Во рускиот град Сочи се возеше 16-тата овогодишна трка во Формула 1 за  Големата награда на Русија. На пистата долга 5848 километри, пилотите извозија 53 круга.

Трката од пол-позицијата ја започна пилотот на Мерцедес Финецот Валтери Ботас, а зад него беа Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), Германецот Себастијан Фетел (Ферари) и Финецот Кими Раиконен (Ферари). По стартот возачите успеаја да ги зачуваат стартните позиции.

Макс Ферштапен (Ред бул-ТАГ Хојер) кој трката ја започна од 19. позиција, во 8-от круг успеа да дојде дури до 5-тата позиција. Ферштапен кој избра различна стратегија во изборот на гумите од онаа на првопласираната четворка, во 19-от круг кога оваа четворка влезе во боксот успеа да ја заземе водечката позиција.

Во 26. круг, второпласираниот Ботас, со наредба на тимот, својата водечка позиција му ја препушти на Луис Хамилтон.

По влегувањето на Ферштапен во боксот во 43-от круг и неговото враќање на 5-тата позиција, Хамилтон ја зазеде лидерската позиција.

Во преостанатиот дел од трката Луис Хамилтон трката ја заврши комотно, освојувајќи ја својата 8-ма победа во оваа сезона, а 70-та победа во кариерата.

Зад Хамилтон, со заостанување од 2,5 секунди втор на целта пристигна неговиот тимски колега Ботас, а Фетел беше трет со заостанување од 7,4 секунди.

Со оваа извојувана победа Британецот Луис Хамилтон успеа своите поени да ги зголеми на 306, пред второпласираниот Германецот Себастијан Фетел со 256 поени, а трет е Финецот Валтери Ботас со  освоени189 поени.

На тој начин пред последните пет трки во овогодишното Првенство во Формула 1, Хамилтон ја зголеми разликата во однос на второпласираниот Фетел на 50 поени.

Следната 17-та трка во Формула 1 за Големата награда на Јапонија ќе се вози на 7 октомври.

Првите 6-мина пласирани пилоти на Големата награда на Русија:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес)

2. Валтери Ботас (Мерцедес)

3. Себастијан Фетел (Ферари)

4. Кими Раиконен (Ферари)

5. Макс Ферштапен (Ред бул-ТАГ Хојер)

6. Даниел Рикардо (Ред бул-ТАГ Хојер)

Пласман на пилоти:

1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 306 поени

2. Себастијан Фетел (Германија) 256 поени

3. Валери Ботас (Финска) 189 поени

4. Кими Раиконен (Финска) 186 поени

5. Макс Ферштапен (Холандија) 158 поени

Пласман на тимови:

1. Мерцедес: 495 поени

2. Ферари: 442 поени

3. Ред бул: 292 поени

4. Рено: 91 поени

5. Хаас: 80 поени

 



Слични вести