Еве по колку гласови добија Германија и Турција во трката за домаќин на ЕВРО 2024

На гласањето што се одржа од страна на Извршниот комитет на УЕФА, за Германија која беше избрана за земја домаќин на ЕВРО 2024 гласаа 12 членови, а Турција доби 4 гласови

1058558
Еве по колку гласови добија Германија и Турција во трката за домаќин на ЕВРО 2024

Дознаен бројот на гласовите на гласањето за избор на земјата домаќин на Европското фудбалско првенство во 2024 година (ЕВРО 2024).

Во објавеното соопштение на интернет страницата на УЕФА во врска со тоа колку гласови добиле земјите кандидати за организирање на ЕВРО 2024, Германија и Турција, се истакнува дека на гласањето што се одржа од страна на Извршниот комитет на УЕФА за Германија која се стекна со право да стане земја домаќин на првенството гласаа 12 членови. 

Бројот на гласови кои што ги доби Турција пак изнесуваше 4.

Претседателот на УЕФА Александер Чеверин ва направената проценка на гласањето рече: „Им честитам на фудбалските федерации на Германија и Турција за нивните извонредни презентации пред гласањето. Уште од сега сум нестрплив за да ја дознаам најдобрата национална репрезентација во Европа во 2024 година, во придружба на фудбалскиот рецитал што ќе се приреди.“

Турција по 2008, 2012 и 2016 по четврти пат се кандидираше за организирање на Европското фудбалско првенство, но и покрај тоа што ги исполни сите услови и овојпат не успеа да го земе организирањето на оваа голема спортска организација.

 



Слични вести