Министерот за младина и спорт Касапоглу: Одлуката е жална од аспект на УЕФА и ЕВРО 2024

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу во врска со доделувањето на ЕВРО 2024 на Германија рече: „Тоа што и покрај толкуте наши силни страни не и се додели на нашата земја е жална состојба од аспект на УЕФА и од аспект на ЕВРО 2024“

1058145
Министерот за младина и спорт Касапоглу: Одлуката е жална од аспект на УЕФА и ЕВРО 2024

Од владата на Турција пристигна првиот коментар во врска со одлуката на УЕФА за доделување на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 на Германија.

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу кој состанокот во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион каде што беше одредена земјата домаќин на ЕВРО 2024  го следеше во Младинскиот центар Шехзаделер, по соопштената одлука даде изјава.

Велејќи дека е соопштена земјата домаќин на ЕВРО 2024, министерот Касапоглу рече: „Тоа што и покрај толкуте наши силни страни не и се додели на нашата земја е жална состојба од аспект на УЕФА и од аспект на ЕВРО 2024. Нашата сила, нашиот квалитет, висината на нашите стандарди на точката на организациите како земја се познати. Квалитетот на нашите објекти, на нашите стадиони се гледаат. Во оваа смисла не постои ништо што изгубивме ние како земја. Во понатамошните процеси земајќи го во предвид сето тоа, во таа смисла ЕВРО 2024 го изгуби искуството на точката на гостопримливоста на нашата земја. Организирањето на една ваква организација на оваа географија, на овие територии ќе претставуваше многу голема придобивка во име на оваа организација, меѓутоа како што реков нашата земја не изгуби ништо од тоа.“

 



Слични вести