Турција на Светското јуниорско првенство во кик бокс освои 29 медали

Турските спортисти на Светското јуниорско првенство во кик бокс чиј домаќин беше Италија овои вкупно 29 медали, од кои 5 златни, 9 сребрени и 15 бронзени

1055130
Турција на Светското јуниорско првенство во кик бокс освои 29 медали

Турските спортисти на Светското јуниорско првенство во кик бокс чиј домаќин беше Италија овои вкупно 29 медали.

Според објавеното соопштение од Федерацијата за кик бокс на Турција, на првенството кое се одржува во Венеција се натпреваруваа 1.757 спортисти од 51 земја.

Турција првенството го заврши освојувајќи вкупно 29 медали од кои 5 златни, 9 сребрени и 15 бронзени.

Претседателот на Федерацијата за кик бокс на Турција Салим Кајаџи истакна дека на првенството сите спортисти направија се што беше во нивна можност за својата земја, својот народ и своето знаме.

„Им честитам на сите. Освен тоа им благодарам на нашите тренери кои ги подготвија нашите спортисти и на нашите тренери кои беа на задача на првенството.“ - рече Кајаџи.

Еве ги турските спортисти репрезентативци во кик бокс кои се искачија на пиедесталот на Светското јуниорско првенство во кик бокс:

Златни медали...

Џенгизхан Куру (фул контакт 75 килограми), Хамиде Јавуз (фул контакт 52 килограми), Махсум Текер (фул контакт 86 килограми), Догукан Ѓузелкабаагач (фул контакт 91 килограм), Џан Озбатур (лоу кик 91 килограм).

Сребрени медали...

Есра Озјол (фул контакт 56 килограми), Ѓозде Нур Ѓокташ (фул контакт 65 килограми), Јасин Берат Дикмен (фул контакт 57 килограми), Бушра Таштемир (лоу кик 48 килограми), Деврим Ајдин (лоу кик 60 килограми), Февзи Курт (лоу кик 54 килограми), Мехмет Јалчин (лоу кик 57 килограми), Батухан Бајрам Демир (лоу кик 86 килограми), Мерт Шахбаз (поинт фајтинг 94 килограми).

Бронзени медали...

Севџан Чакирџа (фул контакт 48 килограми), Бејза Челик (фул контакт 60 килограми), Фатих Кочјигит (фул контакт 51 килограм), Абдулселам Курт (фул контакт 63.5 килограми), Арда Ѓозуток (фул контакт 81 килограм), Батухан Јолдемир (фул контакт 91 килограм), Перихан Инџе (лоу кик 56 килограми), Румејса Аташ (лоу кик 65 килограми), Дилан Четин (лоу кик 70 килограми), Ерсин Шахин (лоу кик 75 килограми), Хаџи Ибрахим Озкул (лоу кик 91 килограм), Салим Озкан (поинт фајтинг 94 килограми), Султан Саглам (лајт контакт 55 килограми), Талха Емир Булду (лајт контакт 89 килограми), Мехмет Мемилиоглу (лајт контакт 94 килограми).

 



Слични вести